Еве како изгледа најсмрдливата фабрика во светот, каде што деликатесот е кошмар за 99% од луѓето
Сите барем еднаш во животот сме пробале или барем сме се обиделе да пробаме храна која има прилично силен, да не кажеме смрдлив мирис. Во Шведска смрдливата храна не е нешто невообичаено и во тоја се уверија Џез и Том кои ја посетија фабриката Оскарс во малиот град Мелби за да го пробаат Сурстроминг специјалитетот.
Surströmming е ферментирана, балтичка харинга која повеќе од 6 месеци стои во мешавина од сол, саламура и млечна киселина. Со други зборови, тоа е расипана риба што може да се јаде и е избрана за храна со најлош мирис во светот. Според Фредрик, кој работи во фабриката, храната датира од пред стотици години и луѓето ја јаделе во времето кога немало што друго да се јаде.
„Мириса како некој да јадел дијареја и да ја повратил, а потоа да ја конзервирал.“, вели Том додека се обидува да ја поднесе храната. „Едноставно мириса на го*на. тоа е единствениот начин да се опише. Се обидувам да бидам културен, знам дека е деликатес во Шведска… но секое влакно од моето битие вели дека не јади ја храната.“, додава тој. Погледнете го видеото за да видите како им помина „авантурата“ на момците:
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.
