10 кратки вицови за долго смеење
– Сакам да имам толку пари, за да можам да си купам авион.
– За што ти е авион?
– Авион не ми треба… Сакам да имам толку пари.
– – – – – –
Поради потребата од социјално дистанцирње, кафеаната работи со 1/3 од капацитетот. Затоа најучтиво ве молиме, тие кои што не можат да пијат за тројца, да напуштат и да им го отстапат местото на тие што можат!
– – – – – –
Ние жените секогаш сме мечтаеле да стоиме зад мажите како зад камени ѕидови… Арно ама, каде и да погледнеме наоколу, полно е со ГИПС-КАРТОН.
– – – – – –
Понекогаш само сакам еден маж да ме прегрне и да ми каже:
– Знам дека е тешко, но ќе биде сѐ во ред! Еве ти едно чоколадо и 1 милион евра.
– – – – – –
На својот маж можеш да му раскажеш сѐ, дури и твоите најголеми тајни. Тој нема ни да се налути, ниту да каже на некој, затоа што воопшто не те ни слуша!
– – – – – –
Студент им испраќа СМС порака на родителите:
– Веќе трет месец не сте ми пишале, ниту се јавувате. Испратете ми 100 евра, барем да знам дека сте добро.
– – – – – –
Разликата меѓу затворот и гимназијата е во тоа што во гимназија ти се сака с*кс ама нема ,а во затворот не ти се сака с*кс, ама пак има!
– – – – – –
– Зоки, ти веруваш ли во Дедо Мраз?
– Не, а ти?
– Абе и јас не верував, додека не го фатив врз жена ми…
– – – – – –
Зима е. Прозорците се запотени – или е на с*кс, или едноставно… врие гравот.
– – – – – –
– Беше ли на одмор?
– Ехее, уште лани!