Се сеќавате на играта „Змија“ од Nokia? Еден инженер реши да си ја вгради во елката
Дали обичните елки ви се здодевни? Зошто да не ја следиме идејата на овој инженер кој својата новогодишна елка ја претвори во играта „Змија“? Инженерот Џорди Мос од Холандија стана познат по неговиот неодамнешен изум за вградување на играта „Змија“ во светлата на новогодишната елка. Тој ја контролира „змијата“ преку џоистикот за PS4.
Првото видео го покажува резултатот, а второто како ја направил оваа креативна „гејмерска“ новогодишна елка.