Како живеела сопругата на Елвис Присли и зошто не се појавувала пред сопругот без шминка и фризура
Животот со позната личност може да биде вистински тест на љубовта. Елвис Присли е крал на рокенролот и признат генијалец на музичката сцена, неговата сопруга Присила е убавица со ангелско лице, која беше 10 години помлада од него. За Елвис станала единствената жена која од него добила предлог за брак. А, за неа, тој беше човек кој со текот на времето, разделбата, расправиите и разводот, таа сè уште го нарекуваше љубов на својот живот.

Тој имал 24 години, а таа 14 години. Се запознале на негова забава која тој ја организирал кога служел војска. Девојката му го привлекла вниманието и тој за неа ја отсвирел Are You Lonesome Tonight?. Кога Присила ја напуштила забавата Елвис мислел дека повеќе нема да ја види, но судбината имала други планови.
Елвис ги забележал сличностите помеѓу Присила и неговата неодамна почината мајка Гладис. Наскоро, музичарот ја поканил девојчето на состанок, каде се бакнале за прв пат. Родителите на Присила биле многу загрижени, но Елвис ги уверил во неговите искрени чувства и зрелоста на Присила.

Додека биле во врска Елвис му признал на својот пријател Рекс Менсфилд дека Присила е „доволно млада за да може да ја обликува како што сака“, а девојчето се вљубило и Елвис станал центарот на нејзиниот универзум.
Присила позајмувала шминка и облека од нејзината мајка за да изгледа повозрасно. Таа вели дека на забавите кој тој ги организирал сѐ било по негово. „Никој, вклучително и јас, не се осмелуваше да се шегувам ако беше лошо расположен. И кога тој се смееше, сите ние се смеевме “, изјавила Присила.

Нивната врска остана платонска до брачната ноќ, затоа што Елвис ја ценел невиноста на Присила, но за време на нивната врска тој бил со голем број на други жени. Присила и Елвис биле слични со причина. Тој побарал од неа да стави порцелански заби за да има совршена насмевка, ја натерал да ја обои косата црна и да направи кадрици како неговите, исто така ѝ велел да облекува облека со иста боја кога излегувале заедно. Од овие причини, Присила подоцна се опиша себе си како „жива кукла на Елвис“.

Таа не смеела да се појави пред него без шминка и фризура. Тој не сакал да го гледа процесот на разубавување, само да му се восхитува на резултатот. По венчавката Присила останала бремена и бидејчи Елвис се грижел како детето ќе влијае на неговата кариера тој се разделил од неа кога била во 7-миот месец од бременоста. Но, откако им се родила ќерката Лиза Мари тие се смириле.

По породувањето, младата жена открила дека Елвис повеќе не сака да ја исполнува својата брачна должност. Подоцна, Присила се присети: „Дури и пред венчавката, Елвис призна дека никогаш нема да може да стапи во блискост со жена која има дете“. По 6 години брак се развеле и како што вели Присила не поради тоа што не го сакала и поради аферите, туку затоа што „требала повеќе да научи за светот“.

По раскинувањето, поранешните сопружници го делеле старателството над нивната ќерка и редовно се гледале. Кога дознала за смртта на Елвис, Присила била уништена и ѝ требало долго време да се собере и да продолжи понатаму.

Нивната ќерка Лиза Мари Присли подоцна станала пејачка, а исто така била мажена за Мајкл Џексон и Николас Кејџ. Една од внуките на Присли, Рајли Кио е модел и актерка.

Задржувајќи го презимето на нејзиниот поранешен сопруг, но менувајќи ја косата и шминката, Присила заминала во светот на модата. Подоцна глумешела и во неколку филмови.

Присила сега има 75 години. Од 2003 година, таа е амбасадор на Фондацијата Санта Барбара сон, организација која ги исполнува желбите на смртно болните возрасни лица и нивните семејства.
И покрај не многу успешниот брак и брзиот развод, Присила со љубов се сеќава на Елвис.
