Дедо Мраз заразил 75 пензионери со коронавирусот откако бил во посета на домот за стари лица

Дедо Мраз предизвика 75 жители на домот за нега на стари лица во Белгија да бидат заразени со коронавирусот. Дедо Мраз и неговите помагачи познати како Зварте Пјет („Црниот Пит“) беа добредојдени да го шират Божиќното расположение меѓу 150-те жители. За жал, тие не рашириле само тоа. Дедо Мраз е прогласен за „супер-ширач“ на вирусот.

Човекот кој бил во костумот на Дедо Мраз три дена по посетата на домот се разболел и поради тоа властите одлучиле да ги тестираат и луѓето во домот. 75 лица се позитивни, а едно лице завршило на кислородна поддршка.

Но, сликите од настанот покажаа дека не сите жители носат маски и дека Дедо Мраз и неговите мали помагачи стојат на помалку од два метра од старите лица. Градоначалникот на градот го нарекол домот: „тотално неодговорна организација“.

Градоначалникот вели дека сите се ангажирани да излезат на крај со ситуацијата и да им помогнат на постарите жители да се опорават што е можно побрзо.

Дедо Мраз, односно волонтерот кој бил маскиран во него, изјавил дека му е многу жал за ситуацијата и дека не ни помислил дека ќе предизвика вакво нешто. Белгија има најмногу смртни случаи од коронавирус на милион жители во светот.