Празниците се за семејството, за оние кои ќе бидат до вас!
Нова година, Ѓурѓовден, Велигден, Божиќ, како и сите придружни празници, не е тоа што ќе го јадете. Како што не е и колку ќе изедете/испиете. Празниците се со кого ќе бидете. Кој ќе биде до вас.
Ако овие луѓе се вашето семејство, вашите најблиски или вашите најмили пријатели, тогаш празникот ќе биде исполнет и сигурно ќе биде пријатен. До вас не значи дека треба да се на масата, може да бидат до вас и во вашата душа.
Празникот не скара. Празникот не сарма или пак печено прасе. Празниците се за да бидеме со луѓето кои ги сакаме и се чувствуваме убаво во нивно друштво.
Не грижете се за бројот на јадења, туку за храната да биде топла, вкусна, незапирлива и подготвена со љубов. Бидете сигурни дека луѓето кои што седат на столчињата се оние кои ги сакате, а не оние кои што седат таму според протокол.
Извинете се некому. Простете. Бидете благодарни. Човекот првично е неблагодарен и верува дека другото човечко суштество секогаш му е должно за нешто. Не е. Обидете се и направете „благодарам“; „извини“; „те сакам“ – да станат составен дел не од вашиот речник, туку од вашата совест. Тогаш тие нема да бидат само вагон со зборови.
Правете чуда и магија колку што можете повеќе. Не денес. Не утре. Сега. Нашето единствено време што го имаме е сега. Бидете благородни. Не си пружајте храна само на себе, бидете пример и за другите.
Бидете со вашите деца не само за јадење, облекување и спиење. Бидете со вашите деца, сакајќи ги. Не се плашите и срамите да се изразите и да преземете чекори кон себе. Пронајдете го пријателот што го сакате. Кажете му нешто убаво.
Простете на друг – иако календарскиот ден не е дојден за овие свети работи. Простувајќи на друг си простувате себе си. Значи разбирате. Значи вие сте луѓе. Негувајте ги квалитетите и вредностите во себе, грижете се за нив и пренесете им ги на другите.
Бидете здрави, вие и вашите семејства!