Што најмногу пребарувале, односно „гуглале“ луѓето во оваа 2020 година

2020 година беше доста дива година. И додека пандемијата е главниот фокус и причина зошто се случува ова што се случува, тоа не беше единственото што се случи и беше тема на разговор оваа година. Рошан Кан креираше инфографик базиран на Google Trends кој дава ретроспектива на некои од најзначајните работи што се случија оваа година. И додека некои записи изгледаат како да се случиле многу одамна, некои од нив уште ги чувствуваме како ни дишат во врат. Жално е што најбараните работи се главно лошите вести.

Рошан ги одвоил пребарувањата кои се однесуваат на целиот свет и кои даваат вистинска слика за 2020 година.

Трогателната смрт на Коби Брајант, Индија против Нов Зеланд, Харви Вајнштајн и Коронавирус симптоми биле најпребарувани од почетокот на годината па до месец април.

Во април кулминираат пребарувањата за коронавирус, новости за коронавирусот, смрт и хантавирус

Наредните месеци веќе ги гледаме „последиците“, па следат пребарувања за: Гугл училница, Зум, невработеност и маски

Во летото имаме пребарувања на чекови, Џорџ Флојд, Црните животи се важни и Тик Ток

Понатаму катастрофата во Бејрут добива своја кулминација, акциите на Тесла, индиската премиер лига и Џо Бајден во ноември

Исто во ноември следува и Доналд Трамп поради изборите во САД и постојани пребарувања за вакцината

Доколку го погледнеме целиот инфографик ќе заклучиме дека оваа 2020 година се состоела од постојани пребарувања на Смрт и ТикТок, а исто така „најпопулрни“ се и: Гугл училница, Зум, невработеност, маски и вакцина.