Една ноќ во вухан: Епицентарот на короната учи повторно да се забавува
Сите знаеме за Вухан, местото од каде што започна пеколот на 2020 година. Но, како е тука една година по почетокот на пандемијата. Неговите жители би кажале „лудо и незаборавно“. Ноќниот живот е во полн ек и луѓето очигледно не можат доволно да ѝ се израдуваат на слободата, па ретко кој е трезен тука (добро е да се знае дека продолжиле со дезинфекција). Тие повеќе немаат вирус, немаат проблеми и живеат нормален живот, кој веруваме секој од нас очајно сака повторно да ни се врати.


























