Лудата мајка му подарила на својот син Ролс Ројс од 270.000 евра за 12-тиот роденден
Мајката, која издвои скромни 2270.000 евра за роденденскиот подарок на нејзиниот син, сега е мета на критики на Интернет од луѓе кои велат дека подарокот е „несоодветен“. Мајката на три деца го објави видеото во кое таа му дава луксузен автомобил на својот 12-годишен син Ранум.
Гулнора Мухедина (34) е моден дизајнер и креативен директор за Baravia Fashion, компанија за венчаници од висока класа. Таа исто така го основала салонот за убавина „Баравија“, шик фризерски салон во Дубаи, кој нуди услуги како што се додатоци за коса и маникир.
Минималната возраст за да се добие законска возачка дозвола за автомобил во Дубаи е 18 години, што значи дека момчето ќе мора да почека шест години за да седне зад воланот. И без тоа не гледа ништо бидејќи нема висина :).











