Шпанската полиција фати пијани брат и сестра со автомобил среде полициски час, па им даде шанса со склекови да се обидат да си ја намалат казната

Во Аликанте, Шпанија, брат и сестра беа запрени од полицијата бидејќи се движеа по полицискиот час. По тестот за алкохол со дување, полицијата отрки дека се пијани, но братот и сестрата побара шанса да се обидат да го намалат нивото на алкохол во крвта, за да избегнат поголема казна. И што направија? Започнаа да прават склекови и други вежби точно пред полицајците и пред камерите на новинарите.

Напорите беа залудни, бидејќи тие не избегнаа парична казна од над 1000 евра и привремено одземање на возачката дозвола.