Фраерот креирал апликација за запознавање каде што тој е единствениот „совршен маж“
Светот на запознавање може да биде сурово место за луѓето кои бараат партнер. Но, ако вашиот добар изглед и привлечен шарм не функционираат, секогаш можете да се потпрете на креативноста. И тоа е токму она што го направи еден човек. Замислете една апликација каде сите девојки би ве одбрале за да се видат со вас. Тоа навистина би ги зголемило вашите шанси за наоѓање девојка, нели?
Еден голем аплауз за овој генијално смешен, но и умен начин да се воведе малку кретивност во светот на модерното запознавање. Арон Смит објаснува како дошол до идејата за апликација слична на Тиндер, која е прилично одлична, доколку сте на местото на Арон, секако.
Арон Смит, на возраст од 32 години, е единствениот човек што ќе го видите на сопствената апликација за средби наречена Singularity. Апликацијата работи приближно како Тиндер, каде што можете да се движете лево или десно, во зависност од вашите интереси, освен тоа што единствениот човек со кој ќе можете да се совпаднете е Арон.
Кога го прашале зошто ја креирал апликацијата тој одговорил дека светот на онлајн запознавањето е преголем и наместо да лелека за тоа на Фејсбук решил среќата да ја сврти на своја страна.
Така тој создал апликација за запознавање каде ќе се понуди себеси како единствена машка перспектива за бесконечниот број дами што може да се приклучат на апликацијата. Паметно нели? За да им понуди „поголем избор“ Арон се облекува во разни костими и создава различни сцени, за „различните вкусови“ на дамите.
И да доколку ве интеренсира идејата на Арон успеала! Тој преку апликацијата пронашол девојка со која моментално е во врска.