Актерот Двејн Џонсон одлучи да му се одолжи на пријателот кој му помогнал кога тој бил бездомен

Пријателството е јасно нешто што му е многу важно на Двејн Џонсон. Кога актерот бил дете тој и неговата мајка биле иселени од Хаваите и завршиле на улица. Бруно Лауер кој што тогаш работел како менаџер во борење под титулата Харви Виплман во 90-тите години, ги примил во својата приколка.

Додека живееле во приколката Рок ја започнал и својата боречка кариера. Исто така Бруно му помогнал на Двејн да го купи својот прв автомобил кога бил тинејџер.

„Мајка ми и јас бевме протерани од островот Хаваи и ме испратија во Нешвил, Тенеси да живееме со татко ми. Кога слетав во Нешвил, брзо открив дека нема да живеам со татко ми. Се случува, плановите се менуваат и тоа е начинот на кој се одвива.“, вели Двејн.

Така тој завршил кај Бруно и станале доживотни пријатели. Рок одлучил на својот пријател да му подари автомобил за да му се заблагодари за сѐ. Но, овој автомобил си има свое значење.

Пред многу години Бруно му ги дал последните 40 долари на Рок за да може да купи автомобил од наркоман. Подоцна Двејн сфатил дека има уште еден онесвестен на задното седиште, но за среќа оваа приказна не завршила фатално.

„Те сакам брат. Твојата добрина и срце ми помогнаа да ја сменам мојата траекторија во животот. И кога ќе си подготвен да се повлечеш од бизнисот само кажи ми. Те покривам. Уживај во твојот нов превоз.“, му вели Двеј на Бруно.