Огромна дупка се појави пред болница во Италија
Огромна дупка ги преплаши пациентите во една болница во Италија. Додека никој не очекувал на паркингот пред болницата од никаде се „отворила земјата“ и огромна дупка проголтала неколку автомобили. Болницата која служи како центар за опоравување на заболени од корона снемала струја, но само на кратко благодарение на генераторот кој го имале.

Болницата во Неапол моментално е затворена со цел да се утврдат штетите, но властите велат дека ќе биде отворена за неколку дена. Дупката е со голема од околу 2.000 квадратни метри и длабока околу 20 метри. Иако некои автомобили паднале во дупката за среќа биле празни и немало повредени.

Властите во моментов ја испитуваат причината за инцидентот. Првично се верувало дека бучавата од надземна експлозија го предизвикало појавувањето на дупката, но сега веруваат дека звукот дошол од под површината.


Главниот противпожарен службеник на местото на настанот, Енио Аквилино вели дека ударот може да е предизвикан од вишок на подземна вода, што се создала од неодамнешниот силен дожд. Ова не би било премногу невообичаено, бидејќи повеќето вакви дупки се создаваат преку зачувување на водата под земја и еродирање на земјата.
