Брат и сестра со здружени сили се обидуваат да ја поминат заледената патека пред нивниот дом
Брат и сестра, Николас и Розали се заглавија на заледената патека пред нивниот дом во предградието на Монтреал. Сепак со тимска работа 18-годишниот Николас и 17-годишната Розали успеаја да се извлечат од лизгавата ситуација.
Нивната мајка ја снима целата ситуација и им фаќа сеир особено затоа што Николас игра хокеј, а Розали е фудбалерка.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.