Оваа хотелска соба е наменета за да им биде НЕУДОБНО на гостите и една вечер чини 80 евра

Хотелска соба дизајнирана да ви ја „подари“ најлошата вечер како гост ќе ве чини „само“ 80 евра од вечер. Просторијата, која е дел од приморскиот хотел Блекпул „Арт Б & Б“, располага со кревет на кој треба да се качувате и симнувате, врата од тоалет што не се затвора и го спречува користењето на мијалникот и телевизорот што само може да се гледа со гледање во огледало. И доколку овие работи нема доволно да ве изнервираат можеби ќе ве изнервира тоа што светлата за тоалетот се зад тушот, завесите не го покриваат целиот прозорец и уште многу иритантни ситници.

Хотелската соба е дизајнирана од уметникот Кристофер Самуел, со седиште во Лестер, кој сакаше да им покаже на луѓето колку е тешко да се биде инвалид и да сте сместени во хотел кој што не е соодветен за потребите на гостите. Со хотелот раководи Мајкл Тренер, од Манчестер и тој има вкупно 19 соби и секоја соба е дизајнирана од различен уметник.