Висока е само 150 см: Запознајте ја Мишел, најопасниот „ловец на глави“
Кога ќе го слушнеме изразот „ловец на глави“ си замислуваме голем и мускулест тип, кој стои на работ на законот. Но, Дулејн Чепман и другите како него не се ништо повеќе од позери и шоумени. Вистинските експерти во својата дејност не се фалат и се сосема незабележителни, понекогаш дури и буквално е тешко да ги видите. На пример таква е Мишел Гомез, најефективниот ловец на глави во САД.

Дискретното набљудување е едно од најсилните средства на 50-годишната Мишел. Дури и најдобриот криминалец нема да се посомнева во слаба и ситна жена, која со се качкетот е висока 150 сантиметри. Мишел за прв пат отворила својта приватна канцеларија во 2003 година во Тексас. Само малку луѓе можат да се пофалат со ваков долгогодишен бизнис, не само во САД, туку и во светот.
Малиот раст и обичната облека воопшто не го намалува авторитетот на Гомез кај колегите. Таа има фатено толку многу бегалци што и најдобрите специјалци и агенти ѝ симнуваат шапка. Што се однесува за физичките параметри тие се корисни само во филмовите.

Гомез секогаш уживала во авантурата на отворено: риболов, лов, кампување и други забави од природата. Таа лесно признава дека нејзиното среќно детство вклучувало многу неуспешни обиди на нејзините родители да ја убедат да проба повеќе „женски“ активности. Таа сега е самохрана мајка и вели дека постојано го поддржува своето дете.

Таа случајно влегла во оваа професија. Кога била во врска со момче кое било насилно кон неа и не можела тоа да го докаже на суд, решила да одмори малку од својата работа како правен асистент, за да се справи со тешката ситуација. Една нејзина пријателка ѝ предложила да биде „набљудувач“ и таа бидејќи сакала „освежување“ во животот прифатила.
Нејзината рана обука за компјутерско инженерство станала благослов бидејќи, дигиталниот свет е одлична алатка за да се открие каде некој се наоѓа во реалниот. Друга важна карактеристика која ја има оваа жена е анализа на луѓето: кои се овие луѓе, што ги движи, кои се нивните потреби и мотивации, каде биле и ако се во бегство, каде ќе одат понатаму?

Еден од интересните случаи на Гомез е кога вратила флота украдени натоварувачи на пат кон градилиште во Јужна Америка. Таа ја контактирала сопругата на осомничениот и ја излажала дека е љубовница на нејзиниот сопруг и е бремена од него. Лутата сопруга потоа набрзо ја издала неговата тајна.
