Како еден човек на денешен ден пред 24 години одлучи сам и без помош да го освои најсуровото место на светот
Луѓето сакаат да ги надминуваат границите на нормалното и да ги тестираат своите способности. Некои луѓе се зависници од адреналин и авантуристи и не можат да си го замислат животот без опасност и одредена цел. Норвежанецот Борге Оусланд очигледно веќе навикнат на екстремно ниските температури си го посветил животот да оди на места каде што многу луѓе не би ни помислиле да зачекорат. Ова е неговата приказна.
Кој е Борге Оусланд?

Борге Оусланд е роден во 1962 на 31 мај во Норвешка. Тој ја започнал својата кариера како офицер на специјалните сили на норвешката морнарица со Маринејегеркомандоен, а исто така поминал неколку години работејќи како нуркач на длабоките мориња за нафтената индустрија во Северното море.
Сепак ова не било доволно за да се задоволи неговиот „апетит“ за авантура. Затоа тој одлучил чекор по чекор да ги освојува „ледените пеколи“ на Земјата.
Успеси и падови

На 4 мај 1990 година, Оусланд и Ерлинг Каге станале првите истражувачи што некогаш стигнале на Северниот пол, без поддршка, по 58-дневна патека за скијање од островот Елесмир во Канада, на растојание од 800 км. Наредна цел му бил Јужниот пол.

При првиот обид да го помине Јужниот пол сам пешачел повеќе од 1000 километри. Но, наместо да стигне до својата дестинација од другата страна на континенот морал да повика авион да го собере до половина на експедицијата бидејќи имал сериозни повреди од смрзнатини на делови од телото.

Сепак кога ќе помислите дека човек ќе се откаже, Борге одлучил да си даде уште една шанса при крајот на 1996 година. Помеѓу 15 ноември 1996 година и 18 јануари 1997 година тој станал првиот човек во светот кој сам го преминал Антарктикот. Тој поминал 3000 километри од ледениот гребен Рон до ледениот гребен Рос. Скијањето е направено со помош на техниката „змеј“ односно со „едрење“ на скии со помош на ветер. Тој исто така го држи рекордот на најбрзо патување без поддршка до Јужниот пол.
Како течела оваа навидум „невозможна мисија“?

Борге вели дека почетокот на мисијата е секогаш најтежок, моментот во кој гледаш како авионот се оддалечува од тебе и остануваш сосема сам во пустелија. Тој вели дека му требало 10-14 за да го пронајде „внатрешниот мир“ и целосно да се посвети на мисијата.
Немало дрвја или земјишни формации за засолниште. Единствените варијации во овој бесконечен пејзаж се саструги – тврди наноси на снег високи до два метра формирани од ветерот што постојано дува од иста насока. Тој искачувал најмногу 50 метри на ден, со студени мразови, налик на ураган, ветрови кои минуваа низ коските и сржта.

Тој ја следел рутата на Норвежанецот Роалд Амундсен кој го истражувал Атарктикот во 1911 година. Борге поминал низ планини и глечери чии имиња биле доделени од страна на Амундсен и неговите луѓе. Тој стигнал до ледениот гребен Рос. Според научниците овој гребен е стар 100.000 години, со други зборови пред да се формира земја како што е Данска.

Кога пристигнал во базата Скот се изненадил затоа што во тој период се славела 40-годишнината од постоење на базата. Тој со авион се вратил назад и му било смешно што му биле потреби само 2 часа да го помине растојанието за кое му бил потребен повеќе од еден месец за да го помине пеш.
Во исто време со него, но на различна рута тргнале уште двајца научици, Марек Камински и Ранулф Фајнс, но и двајцата се откажале од мисијата по краток период.
На 22 јануари 2006 година, заедно со Мајк Хорн, тој започна патување кон Северниот пол со успешна мисија до 23 март. Борге дури и се оженил на Северниот пол во 2012 година откако бил пренесен со хеликоптер со „20 или 30 лица“.
