Девојка ги снима и споделува бизарните работи кои ги прави додека месечари
Една жена од САД ги документирала крајно бизарните работи што ги прави додека спиела, вклучувајќи го и „хранењето“ на снегот пред нејзината куќа и преуредувањето на предметите во домаќинството. Жената позната како Селена, на своите 7,7 милиони следбеници им рекла дека верува дека нејзините епизоди на месечарење се предизвикани од сирење, чоколадо и стрес.
Месечарењето станало толку често што морала да постави камери во и околу домот и редовно споделува видеа од нејзините авантури во текот на ноќта со своите следбеници. Интересно е што и нејзиниот брат Џоел исто така многу месечари и имаат и „заедничко видео“. Погледнете ја компилацијата од секојдневието на оваа девојка.
