Жена со неизлечива дијагноза на „скршено срце“ прави „лотарија“ од својот имот

Џенифер Метјуз, самовработена мајка на две од Ланкашир, била дијагностицирана во 2016 година со вентрикуларна тахикардија, еден вид абнормално чукање на срцето во кое срцето ви чука премногу брзо. Во следните три години таа завршила во болница три пати и нејзиното срце требало да биде враќано во живот дури 2 пати.

Во средината на 2019 година таа била подложена на операција на срцето во обид да ги зголеми своите електролити на нормално ниво, но постапката не успеалаи како резултат на тоа состојбата била означена како неизлечива.

48-годишната жена сега зема четири таблети за своето срце секој ден, со што овие лекови прават да се чувствува „слаба и со многу малку енергија“. Како сопственик на компанија за електротехника, 48-годишната жена вели дека работела многу напорно со текот на годините со цел да го обезбеди својот дом од соништата, наречен Брамбл Ложа, близу Адлингтон, Ланкашир.

Таа сега не е во состојба да работи колку што работела во минатото, но продолжува да го води својот бизнис од дома, каде што нејзините две деца, тинејџери исто така работат во моментот на нивните испити. Бидејќи нејзините лекови влијаат на нивото на енергија, таа и нејзиниот сопруг Дејвид одлучиле да го сменат домот во некој поскромен, кој би можел полесно да се управува.

Не сакајќи да се справи со стресот од традиционалното продавање на куќите, Џенифер одлучи да ја стави својата куќа и Ферари на еден вид лотарија. Куќата е проценета на околу 600.000 евра, а луѓето кои ќе учествуваат во лотаријата ќе имаат можност да ја освојат куќата и автомобилот за само 2 евра.

Џенифер која се опишува себеси како жена со „скршено срце“, признава дека нејзините 16 и 17 годишни деца не сакаат да ја напуштат „неверојатната“ куќа, но со малку друг избор нејзиното семејство успеало да биде „ многу поддржувачко“.

Мајката ќе ги искористи парите собрани од томболата за да ја исплати постојната хипотека и да го пресели семејството некаде посоодветно, додека таа ја продолжува својата грижа со својот електрофизиолог и кардиолог. Со сите преостанати пари, Џенифер планира да купи некoлку дефибрилатори за локалната заедница.