Овој човек преживеал 18 дена во дивина и страшни услови и сега конечно може да биде со семејството

Роберт Вебер бил пронајден во близина на брана во Квинсленд. Вебер, кој престојувал во хотел во градот Килкиван, исчезнал на почетокт на овој месец на прошетка со своето куче откако неговиот автомобил се заглави во калта на селски пат.

Најпрвин тој поминал три дена во автомобилот, но потоа излегол надвор за да пронајде вода. Наскоро се изгубил и останал во близина на брана, каде преживеал спиејќи на земја, пиејќи вода од браната и јадејќи печурки кои растеле во близина.

„Имав вода околу три дена… врнеше, па собирав вода на самиот автомобил. Автомобилот има сливни подрачја околу багажникот, а јас користев пластично шише за да соберам. Но, кога и тоа пресуши го напуштив автомобилот за да барам повеќе вода.“, вели Вебер. За жал, кучето на Вебер исчезна и допрва треба да се најде.

Полицијата го барала 58-годишниот човек, но одлучиле да се откажат затоа што потрагата не давала резултат. Полициските сили соопштија дека го прекинале истражувањето и во воздух и во земја.

Вебер го пронашле локалниот пратеник Тони Перет и неговата сопруга, кои решиле да продолжат да го бараат. „Поминавме покрај оваа брана во бројни прилики во текот на минатата недела и кога го видовме таму беше многу необично. Тој седеше под дрво во близина на браната и ни мавташе.“, вели Тони.

Вебер се дезориентирал на 30 ° C топлина и страда од изложеност на елементите. „Г-дин Вебер беше пренесен во болница страдајќи од изложеност на елементите, но инаку беше безбеден и здрав“, се вели во соопштението на полицијата. Тој бил пронајден на само 3 километри од неговиот автомобил.