Девојка објаснува како групата „Јавна соба“ и лошото законодавство им наштетуваат на младите
„Денес жртва на јавна соба сум јас, утре може да бидеш ти!“, вели Ана, 28-годишна девојка која помина низ „пеколот“ кој ѝ го приредија членовите на озогласената група „Јавна соба“ каде што се споделуваат експлицитни фотографии, лични информации и навредливи коментари за многу девојки.
Ана ја покажува фотографијата која што всушност е споделена во групата и навредливиот опис, проследен со оставање на личниот број. Девојката освен што е згрозена од луѓето кои постапуваат на овој начин таа го споделува и нејзиното непријатно искуство кога мислела дека ќе може да ја добие правдата во полиција.
