Романскиот скијач го брка гладна мечка, а тој не ни забележува

Луѓето што се возат на ски лифтот се обиделе да го предупредат, но залудно.

На видеото не е снимена разврската на настанот, но според очевидци, кога скијачот ја забележал мечката, му текнало да го фрли ранецот за да ѝ го одвлече вниманието и успеал. Мечката застанала да бара храна во ранецот.