Овие 5 закуски кои сите ги обожаваме се измислени по грешка

Дали понекогаш ви се случува кога не знаете што да јадете и во фрижидерот нема многу избор да си измислите свој рецепт и да испадне вкусно? Не сте единствени во тоа, некои експерименти, случајности и несреќи довеле до вкусните закуски кои сите денес сакаме да ги видиме на нашата трпеза.

Колачиња со чоколадни парчиња

Бидејќи Рут Вејкфилд правела чоколадни колачи секогаш имала многу гости. Еден ден и снемало чоколадо во прав за колачите и одлучила да исецка Нестле чоколадо и да го стави врз колачињата. Но, парчињата не се растопиле и останале врз нив, а Рут се изнервирала. Кога гостите ги пробале колачињата биле воодушевени и нејзиниот рецепт бил објавен во бостонски весник, а продажбата на Нестле чоколадото пораснала драстично. Нестле ѝ доделиле доживотно снабдување со чоколадо од Ендру Нестле како награда за нејзиниот рецепт.

Смоки

Порано овој производ бил храна за животни. Иако постојат неколку верзии на креираната приказна, Едвард Вилсон во 30-тите години на минатиот век, од компанија во Висконсин, произведувајќи делумно зготвена храна за животни, решил самиот да ја проба мешавината од пченка и со додавање на некои зачини сфатил дека тоа всушност не е толку лошо и може да биде добра закуска. Потоа, подоцна основачите на Флекал корпорацијата за кои тој работел го патентирале производот што сега се произведува под различни имиња во над 100 компании.

Чипс од компири

Изнервираниот готвач Џорџ Крам во 1853 решил да им испрати на гостите екстремно тенко исечени компири затоа што тие неколку пати му ги вратиле велејки дека се премногу дебело исечени. Но, наместо да ја сфатат иронијата на гостите овој излив на револт од специјалитет им се допаднал и почнале и другите да го бараат.

Сладолед на стапче

11-годишниот Фран Еперсон се играл со својата мешавина од вода и сода во прав, оставајќи ја надвор со дрвената мешалка внатре. Заборавајќи на „експериментот“ смесата замрзнала и како и секое дете наредниот ден Фран одлучил да лизне. Тој сфатил дека е вкусно и почнал првин да продава во соседството, а потоа и во забавни паркови. Тој го и патентирал производот, но ја продал фирмата и никогаш не заработил многу.

Корнфлекс

Пченкарните снегулки биле рекламирани како потенцијално надминување на мастурбацијата и сексуалната желба. Двајца браќа д-р Џон Харви Келог и Вил Кит имале свој спа и санитариум. Бидејќи биле строги Адвентисти на седмиот ден, тие пропагирале вегетаријанство и постојано излегувале со нови рецепти за што е можно поблага храна – без зачини и без месо со што требало да се намали желбата за секс за клиентите на санитариум и секако да се запре потребата од „само – загадување на мастурбацијата“.

Еден ден претерале со варењето на пченицата, а потоа одлучиле да ја стават под тост. Подоцна експериментирајќи со други житарки, тие дошле до Корнфлекс кои наскоро станале омилени од познатите гости во санитариум како Амелија Ерхарт, Хенри Форд, Мери Тод Линколн и други. До денес, брендот на Келог е веројатно најпознатиот, кој заработи над 13 милијарди долари само во 2015 година.