Бремена мајка се фрли врз нејзиниот син за да го спаси од пукотници и ова ја докажува мајчинската љубов
Мајка во шестиот месец од бременоста го ризикуваше својот живот за да го заштити својот син кога вооружено лице отвори оган во Бразил. Рафаела Дантас јадеше заедно со сопругот, синот и пријателите во ресторан во градот Реканто дас Емас во Федералниот округ кога инцидентот се случил.
Дантас и нејзиното семејство штотуку се вратиле од нивната локална црква кога забележала две лица кои навидум имале несогласување со уште двајца клиенти.

Снимките за видео надзор од ресторанот покажуваат дека осомничените влегуваат и се соочуваат со клиентите во ресторанот. Тие јасно ставиле до знаење дека имаат намера да го ограбат ресторанот и да ги украдат предметите на оние што биле во локалот.
Откако еден човек дал отпор почнале пукотници, а Дантас скокнала да го заштити својот 4-годишен син. „Тоа е нешто што никогаш не очекуваме да се случи. Во часот на очај таму, првата реакција што ја имаме е прилично импулсивна. Размислував да го заштитам син ми. Прво нешто син ми. И двајцата. Оној што е во мојот стомак. Но, фала му на Бога, сè помина добро, никој не беше повреден.“, вели Дантас.
За среќа никој не бил повреден, а полицијата ги пронашла телефоните на жртвите во грмушка во близина на ресторанот откако еден од гостите ја активирал опцијата за да го пронајде. Сѐ уште се трага по напаѓачите.
