Како мираз играше огромна улога во креирање на првиот модерен автомобил во светот пред 135 години
Денес имаме огромен избор за модели на автомобили и е прилично тешко кога треба да се одлучиме да си купиме еден, без разлика дали е на ново или пак половен автомобил. Но, пред 135 години работите беа драстично поразлични, автомобилот сѐ уште беше непознат поим, кој ретко се гледаше на улиците.

Бенз-патент-моторваген изграден во 1885 година од Карл Бенц, е широко сметан како прв производствен автомобил во светот, односно возило дизајнирано да се придвижува од мотор со внатрешно согорување. Првичната цена на возилото во 1885 година била 600 царски германски марки приближно 150 американски долари (еквивалентно на 4.268 американски долари денес). Возилото го добило германскиот патент број 37435, за кој Карл Бенц се пријавил на 29 јануари 1886 година. Следејќи ги официјалните процедури, датумот на пријавување стана датум на патент за пронајдокот.

Како миразот на сопругата беше клучен момент за креирање на првиот автомобил

Бенц го откри својот пронајдок пред јавноста на 3 јули 1886 година, на Рингстрасе во Манхајм. Но, она што е помалку познато е дека Карл не го финансирал својот пронајдок. Тоа го направила неговата сопруга. Берта, го финансирала процесот на развој благодарение на нејзиниот мираз. Сепак, таа не застанала тука и продолжила да го бодри својот маж и неговиот изум.
Берта била паметна жена и сосема била свесна дека за еден производ да се продава му е потребен публицитет. Таа одлучила на нај соодветен начин да го испромовира претпријатието. Берта го земала патентот-моторген број 3 и го возела на првото патување со автомобил со внатрешно согорување на долги патеки за да ја покаже изводливоста на самото патување.
Прва жена која одлучила самостојно со своите деца да тргне на патување со изумот на сопругот

Патувањето се случило во август 1888 година, кога Берта заедно со нејзините синови, 15-годишниот Евген и 14-годишниот Ричард тргнале да се возат од Манхајм преку Хајделберг и Вислох, до нејзиниот роден град Пфорцхајм.
Во Германија, парада на олдтајмери го слави ова историско патување на Берта Бенц на секои две години. На 25 февруари 2008 година, меморијалниот пат на Берта Бенц, следејќи ја трасата на патувањето на Берта Бенц, беше официјално одобрен како Туристички или Сценски пат од германските власти како пат на индустриското наследство на човештвото. 194км од патоказната патека води од Манхајм преку Хајделберг до Пфорцхајм (Црна шума) и назад.

Ова е само уште еден доказ дека зад секој успешен маж стои успешна и паметна жена која верува во своите и неговите соништа.
