Погледнете како ќе изгледа новиот Сантјаго Бернабеу: Стадионот на Реал ќе биде чудо на технологијата

Додека Реал Мадрид игра на стадионот Алфредо ди Стефано, именуван по најголемиот играч во историјата на клубот, се реновира главниот стадион – митскиот Сантјаго Бернабеу, именуван по големиот претседател и творец на првите Галактикоси.

Домот на Реал ќе биде уште пораскошен и со повеќе опции отколку порано, а една вклучува брзи трансформации за различни намени. Така, 3Д симулацијата покажува како стадионот брзо ќе се претвори во сала за НБА, хокеј на мраз или простор за концерти. Вечната конкуренција помеѓу Реал и Барселона се одвива на сите полиња, вклучувајќи го и стадионот – целта е да се надмине ривалот во однос на капацитетот, луксузот, архитектонските достигнувања.

Се чини дека Реал ќе поведе неспорно во оваа категорија. Сантјаго се реновира, додека Барселона планира нов Камп Ноу од 2007 година, но сè уште немаат изменето ништо.