Британка заминала да живее со 19-годишен сиромашен љубовник во амазонска џунгла
Инструкторка по јога од Лондон се преселила во џунгла со својот сиромашен љубовник од Перу кој е 14 години помлад од неа. Таа во џунглата живее без основни работи како вода и канализација, а исто така нема и редовни примања. Каролина Најт, 33-годишна Британка, дошла во Перу во март 2020 година за да им одржува часови на британските туристи. Иако мислела дека брзо ќе се врати дома поради пандемијата останала заглавена. Таа и другите туристи кои дошле да вежбаат јога морале да бираат помеѓу џунглата и градот Порто Малдонадо. Таа го избрала градот. Тогаш и текнало на 19-годишниот Ромуло кој работел како мајстор во одморалиштето. Но, тој немал ниту мобилен телефон. Сепак наскоро тој ја пронашол на Фејсбук откако позајмил телефон од пријател. По еден месец ја посетил во градот и останале неколку недели заедно, но Ромуло морал да се врати на фармата во џунглата за да му помага на семејството. Три недели подоцна момчето ја поканило Британката да дојде и да живее во џунглата заедно со неговите родители и шест браќа и сестри. Таа прифатила и вели дека воопшто не се кае за одлуката.














