Се запознале како деца и заедно се 80 години: Ова е најстариот брачен пар во Британија

Маж и жена кои се запознале во тинејџерски години станаа еден од најдолгите брачни парови во Велика Британија откако ја прославија 80-годишнината од брак.

Рон Голајтли, 100 години, се запознал со својата сакана Берил, 98 години, во нивниот роден град Харогејт на возраст од 16 години – кога еден од неговите пријатели ѝ свирнал на групата пријателки на неговата идна сопруга додека оделе покрај улицата. Берил која тогаш имала 14 години се свртела да види што се случила и вели дека веднаш се вљубила во кадрата коса и „дрската насмевка“ на нејзиниот сега сопруг. Оттогаш тие се неразделни.

Тие се венчале во Северен Јоркшир, во 1941 година, додека Рон, кој служел во бригадните гарди, бил на одмор од Армијата за време на Втората светска војна.

„Само штом го погледнав знаев дека ќе се омажам за него. Имав 14, а Рон 16 години тоа беше љубов на прв поглед. Неколку дена подоцна, повторно разговаравме и се прошетавме, веднаш станавме пар.“, раскажува Берил.

Поради органичените ресурси за време на војната тие немале време јиту да најдат фотограф и морале да замолат грабнат случаен минувач од улицата да им биде сведок. „Ние се венчавме кога имав 18 години во 1941 година. Не се сеќавам дека воопшто ме запроси, само разговаравме за венчавка. Немаше романтично запросување, тој дефинитивно не се спушти на колено. Едноставно почнавме да планираме венчавка.“, раскажува Берил.

Рон и Берил имаат две ќерки Маргарет и Су, шест внуци, 10 правнуци и еден пра-правнук. Тие примиле и картичка од кралското семејство.

Берил рече дека тајната за среќен брак е комуникацијата бидејќи парот никогаш не дозволувал расправијата да трае. Таа вели: „Посочете ми еден пар кој не се расправа? Но, ние секогаш ги решававме расправиите. Разговаравме за проблемите, мислам дека тоа е клучот. Треба да комуницирате и да разговарате еден со друг. Мислам дека овие денови луѓето не разговараат доволно едни со други.“

И таа ја става тајната на нивниот долг живот во здравиот начин на живот и многу вежбање. Во младоста и двајцата биле активни, а на постари години си купиле куче и редовно го шетале.