За машката популација во Бугарија 02.02 е вистински празник и ова не е старата добра шега
Втори февруари за некои е сосема обичен ден, додека некои го сметаат како ден на хомосексуалците. Имако геј популацијата има свои празници токму 02.02 воопшто не е еден од нив. Но, сепак верувањето дека станува збор за празник не е целосно погрешно. 02.02 се слави во соседна Бугарија, а сега ќе ви раскажеме и зошто.
На 2 февруари, според народните верувања во Бугарија се слави Петловден и поради разликата во грегоријанскиот и јулијанскиот календар – некаде на 20 јануари во нов стил. Прифатен е како машки празник да се стимулира плодноста кај момчињата, на некои места се смета за машки аналог на обичајот Бабинден, а според некои истражувачи, тој е наследник на антички словенски празник во чест на ловот и пчеларството, кој ја прифаќа новата генерација на ловци.

Овој празник го означува спасението, преживувањето и зачувувањето на машката сила. На него, луѓето оддаваат чест и пофалби на машките членови од семејството. Празнично облечени момчиња излегувале на сред село и цел ден биле во центарот на вниманието. Старешините ги испитувале за што ќе ги биде: пастир, столар, учител или службеник.

Знаејќи го овој бугарски обичај, за време на турското ропство, јаничарите го користеле токму овој ден и ги носеле најдобрите и најздравите момчиња во јаничарскиот кор. Домовите биле исполнети со солзи и крв. Од која куќа земале момче, Турците ставале крвав знак на портата. Затоа оваа сурова традиција се нарекува данок на крв.

Сепак имало паметни жени кои колеле петли и од нивната крв ги цртале крстовите на вратите, за кога јаничарите ќе поминат да мислат дека некој пред нив веќе го земал данокот во крв. Не се знае колку долго овој трик им функционирал, но празникот станал познат како Петловден и продолжил да биде славен.
Главната традиција на овој ден е колење петел во секоја куќа каде што има момчиња. Зготвениот петел се дава и на соседите за здравје на момчињата.
