Мајката само сакала да го снима запросувањето на нејзината ќерка, но работите тргнале во спротивен правец, буквално
Без разлика дали сте вие оние кои запросувате или ве запросуваат ова е многу посебен момент и би сакале да го фатите на камера. Како и да е, најдобро е да размислите внимателно пред да одберете некој да го овековечи овој магичен момент.
Оваа лекција ја научи на потешкиот начин идниот младоженец Бенџамин Стил Бејкон, откако ја замолил мајката на неговата девојка да биде „камерманот“ на запросувањето.
Бенџамин бил со девојката Амбер Григо веќе три години и решил дека е време да ѝ го постави главното прашање. Бидејќи и двајцата многу сакале пингвини одлучил да ја запроси пред живеалиштето на пингвините во „Албакерки Биопарк“.
Мајката на Амбер, Сузан Григо, имала задача да го снима големиот момент. Како и да е, серија технички потешкотии довеле до тоа наместо запросувањето Сузан да си се снима себе и да си прави селфи фотографии. Таа почнала и да се смее откако повеќе не можела да се контролира и не знаела што да направи.
Иако запросувањето не било снимено Бенџамин и Амбер не се лути и велат дека овој откачен момент сосема одговара на начинот на кој функционира нивната врска и дека ќе имаат интересна приказна за раскажување.