Како да постапите доколку некој одеднаш се онесвести покрај вас

Несвестицата е, во повеќето случаи, еднократен настан без некоја сериозна основна причина. Сепак, некои услови може да го зголемат ризикот од несвестица. На пример, бремените жени може да се онесвестат затоа што лесно дехидрираат, а луѓето кои доживеале ненадеен страв или болка, исто така, можат да ја изгубат свеста за краток временски период. Тешко е да се каже дали некој ќе се онесвести, но некои знаци на предупредување вклучуваат често зевање, вртоглавица и гадење.

Чекор 1: Личноста нека биде на безбедно.

  • Поставете го лицето рамно на грб.
  • Бидете сигурни дека дише.
  • Подигнете ги нозете над нивото на срцето за да го вратите протокот на крв во мозокот.
  • Ако лицето носи јака, ремен или тесна облека, олабавете ги.

Чекор 2: Обидете се да ја оживеете/освестите личноста.

  • Бидете сигурни да имаат многу свеж воздух. Отворете прозорец или замолете ги другите луѓе да се оддалечат.
  • Ако можеби пропуштиле оброк, дајте им овошен сок или нешто слатко за да го зголемат нивото на шеќер во крвта.

Чекор 3: Свртете го лицето на страна.

  • Ако повраќаат или крварат од устата, превртете ги на страна.

Чекор 4: Повикајте брза помош

Обично, некој што се онесвестил ќе се разбуди во рок од 20 секунди. Треба да повикате брза помош во случај кога:

  • Личноста се онесвестува повеќе од еднаш месечно
  • Бремена е, има проблеми со срцето или има друга сериозна болест
  • Има сини усни или е сина во лицето
  • Си ја удрила главата кога се онесвестила

Бонус: Што да не се прави кога некој ќе се онесвести

Никогаш не треба да се обидувате да оживеете личност која се онесвестила на начинот на кој тие го прикажуваат тоа во филмовите. На пример, не треба:

  • Да удирате шлаканици илид а тресете онесвестена личност.
  • Да им фрлате вода во лицето.
  • Да им викате.
  • Да им ставите перница под главата. (освен во случај на епилептичен напад)