Девојка која тежела 115 килограми одлучи да го промени животот и стана фитнес тренер
Британката Ана Марија Вилијамсон некогаш тежела 115 килограми. 27-годишната девојка вели дека пред 6 години нејзината самодоверба била на нула, како и целокупното физичко и психолошко здравје. Кога девојката сфатила дека мора да направи нешто отишла во теретана и таму буквално започнала нов живот. Запознала нови пријатели, си пронашла дечко. Таа денес дежи 63 килограми учествува во многу натпревари за бодибилдинг и работи како фитнес-тренер.











