Помалку познати работи за познатото место: Неверојатните приказни што „ги крие“ Версај
Славната палата веќе долго време се наоѓа на списокот на УНЕСКО, но самиот град Версај бил сведок на бурна и славна историја. Градот го основал Луј XIV, познат и како Крал Сонце, така што на него, а особено во споменатата палата, не му недостасувал луксуз. Но, ние не само што ќе се задржиме на палатата, туку и до помалку познатите факти за самиот град Версај.
Опасниот мирис на градините

Градините во Версај се едни од најспектакуларните во светот, а низ историјата бројот на растенија, цвеќиња и дрвја што тие ги организирале е незамислив. Неверојатно, но мирисот на оваа огромна количина цвеќе, дури во соседното село Тријанон, еднаш предизвикал главоболки, несвестица, но и отежнато дишење. До Француската револуција, градината се проширила на осум илјади хектари, сè додека револуционерите не претворија зелени површини во простор за нови згради.
Пештерата на Марија Антоанета

Секако француската кралица не седела во обична пештера. Станувало збор за дупка во земјата скоро невидлива од надвор. Подот на пештерата бил покриен со мов, а истиот бил пресечен со поток.
Осветлување кое чини богатство

Зачудувачката кралска оперска куќа, дизајнирана повеќе од 20 години (но изградена во две, за свадбата на Марија Антоанета и Луј XVI), била прилично голем потрошувач – на свеќи. Имено, бидејќи електричната енергија тука сè уште била непозната, требало секоја ноќ да се запалат неверојатни три илјади свеќи, со цел сè да свети во полн сјај.
„Соба за аплаузи“

Луј XIV бил страствен играч на снукер, па секоја вечер, придружбата на кралот се собиралла во салата и го гледала како ја игра оваа игра. Се разбира, важно е на кралот да му се ласка, па и да се аплаудира дури и ако потезите не се добри, бидејќи кралот е крал, така што салата во која се играл снукерот била наречена „аплауз соба“.
Истражувачки центар

Иако има репутација на декадентно место каде се одржуваат екстравагантни забави, Версај бил исто така место каде сериозно се сфаќала науката. Се разбира, кралот владеел со земјата од неговата резиденција, но имало и голем број лекари, ботаничари и други истражувачи и научници во Версај.
