Американка заработи повеќе од 20.000 долари од продажба на мајчино млеко
Џули Денис од Флорида, САД, родила дете како сурогат мајка во 2019 година. Кога бебето имало шест месеци и повеќе не му било потебно мајчино млеко 32-годишната жена дошла до луда идеја. Таа одлучила да го продава своето млеко на семејства кои немаат мајчино млеко, а не сакаат да користат вештачки формули. Таа наплаќала околу 90 центи за 30 грама. Еден литар ѝ изнесувал скоро 1.500 денари. „Имам одлична матка и одлично млеко, така што имам целосно право да ги користам. Парите не се главната работа, но се дополнителни за мене и за моето семејство“, вели Џули. Жената додава и дека профитот не е чист затоа што има трошоци за пумпи и слични работи, а и процесот не е едноставен.






