Гатачка е уапсена затоа што измамила жена да ѝ даде 71.000 долари за да го избрка демонот од нејзината ќерка
Гатачка убедила жена дека нејзината ќерка е опседната од демон и дека со цел да се ослободи таа од демонот ќе ѝ бидат потребни еден куп пари.
Официјални лица од полицискиот оддел Сомерсет тврдат дека Трејси Миланович, од Масачусетс, ја убедила жената дека ѝ се потребни пари во вкупна вредност од 71 000 долари за да помогне во прогонувањето на демонот.
37-годишната жена води бизнис наречен „Видовитото читање на дланка на Трејси“ при што полицијата соопшти дека не знае колку други луѓе можеби биле жртви на измамничката. Полицијата соопшти дека Миланович ја убедила клиентката дека за тие пари таа ќе обезбеди предмети од домаќинството како „посебни“ крпи и кревет со кои ќе го истера демонот од нејзината ќерка.
Жената за прв пат влегла во „бизнисот“ на Миланович откако отишла да ѝ гледаат на дланка и тука „открила“ за „страшната судбина на нејзината ќерка“.
Миланович е обвинета по шест обвиненија за добивање имот над 250 американски долари со измама, обид за сторено кривично дело, злосторничко вознемирување, кражба над 1.200 американски долари и заплашување на сведок, изјави портпаролот на Окружниот суд Фолк Ривер во Сомерсет.
Таа се изјаснила дека не е виновна и е пуштена без кауција со цел да се врати на суд за ново судење во февруари.