А сега ве прогласувам за маж и жена и жена! Како изгледа свадба на еден маж со две невести, црвена и зелена?

35-годишниот Џими и 35-годишната Чача се запознале и започнале врска. Но, нивната врска уште на почетоко не била обична затоа што Чача сака и мажи и жени, па така што чувствувале дека нешто им „недостасува“.

По три години ја запознале 25-годишната Самер и им станало јасно дека таа ќе ја надополни „празнината“. Така сите тројца почнале да живеат заедно и решиле и да направат венчавка.

На прв поглед подготовките за венчавката изгледаат класични, но се далеку од тоа бидејќи има две невести. На венчавката за прв пат се запознале членови од семејствата на трите страни, но родителите и сестрите на Џими одбиле да присуствуваат на церемонијата. Таткото и маќеата на Самер велат дека се среќни штом таа е среќна и здрава и немаат ништо против кон одлуката за ваков брак. Истото го мислат и родителите на Чача.

Погледнете ги фотографиите од необичните сопружници, а на крајот можете да видите и како се одвиваше нивната венчавка и „тројното ДА“.