А вие мислевте дека шпанските серии се глупости: Мајка моли за совет како да ѝ каже на својата 30-годишна ќерка дека нејзиниот брат е всушност нејзиниот ТАТКО? Но, чекајте да видите како забременила…
Анонимната жена напишала во колумната „Драг терапевт“ на Атлантик за да ја разоткрие ситуацијата. Таа објасни дека нејзиниот сопруг имал две свои деца, а таа немала ниту едно кога парот се венчал.
И двајцата сакале да имаат уште едно дете, но бидејќи нејзиниот сопруг беше подложен на вазектомија години пред тоа, што повеќе не можеше да се промени, тие морале да најдат друго решение.

Во писмото што го испратила до публикацијата, неименуваната жена напишала: „Не сакавме да користиме банка за сперма, па го замоливме синот на мојот сопруг да биде донатор. Сметавме дека тоа е најдобрата одлука: нашето дете ќе ги има гените на мојот сопруг и го знаевме здравјето, личноста и интелигенцијата на мојот посинок. Тој се согласи да помогне. Нашата ќерка сега има 30 години. Како да ѝ кажеме дека „татко“ ѝ и е дедо, „брат“ ѝ и е татко, „сестра“ ѝ и е тетка, а „внук“ ѝ и е полубрат?“ – да не гледавме шпански серии ќе ни требаше време да го испроцесираме ова.
„Мојот сопруг и јас сме вознемирени, збунети и загрижени да ѝ кажеме. Ова е тешко и за мојот сопруг, бидејќи сака нашата ќерка да знае дека тој секогаш и засекогаш ќе биде нејзин татко“.

Како одговор, колумнистката Лори Готлиб, која е квалификуван психотерапевт, рече дека има две вистини со кои ќерката на жената ќе биде принудена да се бори. Не само откритието за нејзиниот биолошки татко, туку и дека „луѓето што ги нарекува нејзини родители ја мамеле“ веќе три децении.
Готлиб потоа продолжи да нуди совети за тоа како најдобро да се отвори толку деликатна тема.
Прво, таа рече дека е од суштинско значење „да се наведат фактите што е можно поедноставно и јасно“ пред да се извини. Експертот ја повика мајката да ја преземе целосната одговорност што не ѝ ја кажала вистината на нејзината ќерка од самиот почеток.
Последно, но не и најмалку важно, Готлиб исто така предупреди дека на „братот“ во оваа ситуација треба да му се каже дека информациите ќе бидат споделени во случај тој да има свое семејство што сака да го каже предвреме.

Глупост … најдобро е никому ништо да не кажеш … вистината нека умре, тоа е најдоброто
Коментирај анонимно