Абе важно е ти како се чувствуваш: „Направив скелет од 3 ипол метри за Ноќта на вештерките – „хејтерите“ велат дека може да предизвика пожар, но мене ми дава „Бијонсе вибрации“
Али Спаньола потрошила многу пари за нејзината декорација за Ноќта на вештерките, но е горда на својот скелет од 3 ипол метри, Стив, кој го покрила со 500.000 диско плочки. Иако некои „хејтери“ на интернет велат дека блескавиот скелет е опасност за пожар, таа стои зад своето дело.
„Сите на интернет се грижат дека Стив ќе предизвика пожар“, рече Спаньола од Лос Анџелес.
Нејзиниот скелет со плочки стана вирален со 6,1 милиони прегледи од луѓе кои се импресионирани, но и загрижени.
Некои мислат дека многу рефлективните диско плочки може да концентрираат сончева светлина и да предизвикаат пожар, слично како што се случува со ретровизорите во автомобилите во екстремна топлина. Но Спаньола е сигурна дека Стив е безбеден.
„Тој не е всушност опасен,“ објасни таа, забележувајќи дека плочките расфрлаат светлина во многу насоки, па не ги фокусираат зраците доволно за да предизвикаат пожар. Таа дури се консултирала со „јутјуб научник“ кој потврдил дека нејзиниот диско скелет не претставува ризик од пожар. Добро е штом „јутуб научникот“ потврдил, спијте мирно.
И покрај тие грижи за безбедноста, Стив стана популарен во соседството. „Моите соседи се супер кул со тоа што тој е во мојот двор“, рече Спаньола. Стив е доволно висок што може да гледа над оградата во соседниот двор, но тоа не им пречи на соседите. Всушност, таа ги поканува нив — и децата кои доаѓаат по бонбони за Ноќта на вештерките — да прават фотографии со Стив во текот на сезоната на вештерките. Таа дури на шега ги нарече фотографиите „скелфи“ (селфи со скелет). Колку е креативна браво.
Спаньола потрошила девет дена и над 70 часа работејќи на Стив, почнувајќи со тоа што го испрскала со боја во платинум, пред да го покрие со диско плочки кои ги нарачала од Амазон за 344,82 долари. Таа првично го купила скелетот минатиот октомври од пазар, плаќајќи 450 долари. Дефинитивно има многу време за губење…
Таа се надева дека нејзината екстравагантна декорација ќе ги охрабри другите да бидат креативни со своите украси за Ноќта на вештерките. „Културно и уметнички, сите некако се поврзуваме и создаваме слични нешта, затоа што сите сме дел од поврзан свет“, рече Спаньола, додавајќи дека била инспирирана од трендот со диско топки на Бијонсе од нејзината турнеја „Ренесанс“ во 2023 година.
„Мислам дека јас и Бијонсе сме поврзани“ – вели таа. А еве и ние од Мотика тимот сигурни сме дека се поврзани.
Коментирај анонимно