Адел симни се од шипката пијана си! Познатата пејачка одлучи да приреди шоу откако претера со алкохолот
Британската пејачка Адел ги шокираше посетителите на еден лондонски клуб кога се соблече по градникот и истрча на сцената на која се одржуваше натпревар во стриптиз.
33-годишната пејачка прво ги бодреше сите натпреварувачи и будно ги следеше нивните настапи со друштвото од ВИП ложата, а потоа реши да им се придружи.

Сето ова беше снимено од посетителите на клубот додека таа танцуваше на хитот „It’s Raining Men“ и малкумина можеа да поверуваат дека гледаат музичка дива која имаше цивилизиран настап на шоуто на Греам Нортон претходната вечер по огромниот успех на BRIT Awards.

Адел неодамна беше на удар откако откажа концерт во Лас Вегас, а се шпекулираше дека причината е седум години постариот спортски агент Пол Рич, со кој е во врска од почетокот на 2021 година. Според The Sun, тие наводно имале несогласување затоа што не нашле време да се видат, или поради неговата работа, или поради нејзиниот концерт, кој таа на крајот не го одржа.

Откако се разведе од милијардерот Сајмон Конецки, со кој беше во брак пет години и го доби синот Анџел, Адел ја најде среќата со Рич. За неа проговори за магазинот „Вог“, на чија насловна страна ги воодушеви сите со својот изглед, а призна дека и пред него се забавувала со други мажи.
Таа во интервјуто заклучила дека е воодушевена што Рич не бил премногу фасциниран од нејзината светска слава и истакнала дека нашла нова љубов во моментот кога починал нејзиниот татко, па токму Рич и дал утеха.
