Аердромецот „Бомба“ ќе ве насмее сите со своите картонски знаци за секојдневните проблематики на „македонштината“

Лекот за тагата, стресот, секојдневните проблеми отсекогаш бил насмевката. И за да се опуштиме по напорен ден, не ни е потребно многу, доволно е само да ја погледнеме вистинската содржина и батериите се полни. „Бомба“ има токму таква содржина за сите вас. 29-годишниот Кристијан Станковски од Скопје, Аеродром својот Инстаграм профил го искористи за да шири шеги и смеа, во кои сите можеме да се пронајдеме.

Кристијан со прекар „Бомба“ има свој веб-сајт за организирање на свадби и секаков вид прослави, така што идејата со картонските знаци му доаѓа како хоби во овој хаотичен период. Кристијан вели дека почитува добро ладно пиво, а ние ги почитуваме неговите знаци. За да дознаете повеќе за „Бомба“ заследете го на Инстаграм, а прочитајте и што ни кажа за себе и овој мал „проект“.

МОТИКА: Што те инспирираше да започнеш да пишуваш картонски знаци?

„Па dudewithsign беше батето за инспирација а исто така и bratsakartonom ми беше голема поддршка.“

МОТИКА: Од каде ти доаѓаат новите идеи за секој следен знак?

„Идеите доаѓаат од актуелните работи што се случуваат во нашава земја и глупостите што ги прават нашиве смешни батиња што глумат политичари. Нека продолжат така барем да има нешто да нѐ насмее во ова сивило. Исто да не заборавам имам и еден другар што има многу добри идеи, со негова идеја и почна сето ова.“

МОТИКА: Која порака сакаш да ја пренесеш преку знаците?

„Па само реалноста, тоа се картони кои ја зборуваат вистината што сите ја знаеме ама си молчиме и си шепотиме меѓу себе.“

За повеќе од „Бомба“ следете го на Инстаграм.