Аеродромот во Токио Нарито има фарма среде него, а еве и зошто

Доколку добиете известување дека ќе се гради аеродром на местото на вашата куќа, тоа обично значи дека ќе мора да ги спакувате куферите и да се преселите. Но, ако некогаш мислите дека сте премногу тврдоглави, размислете два пати затоа што Такао Шито, е јапонски земјоделец кој искрено одбива да им ја предаде својата земја на оние што го изградија меѓународниот аеродром Нарито во Токио, Јапонија.

Таткото на Шито поседувал земјиште во селото од 28 луѓе. Иако 5 имоти се наоѓаат непродадени на местото каде што е аеродромот Такао е единствениот кој не се откажува и сѐ уште живее тука. Иако изградбата започнала во 1960 година, таткото на Шито никогаш не размислувал да ја предаде својата земја и покрај понудата од околу 1,6 милиони американски долари и наместо тоа се решил да го искористи своето законско право да го принуди аеродромот да гради околу неговата земја.

Фармата на Шито расте до 10 типа на зеленчук во секое време, вклучувајќи лук, млад кромид и морков, и седи во средината на аеродромот, кој има  750.000 летови секоја година.

„Мојата почва е добра затоа што се обработува 100 години. Садење, берба и доставување зеленчук до задоволни клиенти – ништо не ми носи поголема радост.“, вели Шито.

Јапонскиот закон предвидува дека ниту еден граѓанин не може законски да биде принуден да го предаде својот имот и се чини дека дури и во најекстремните случаи, ова право продолжува да се користи и денес.

Околината е без прашање бучна. Бидејќи е толку блиску до громогласните мотори на џамбо-авиони, Шито не доживува многу мир и тишина во својата работа. Сепак вели дека за време на пандемијата поради намалениот број на летови можел да работи во тишина.

Шито продолжува да се бори со аеродромот, кој не ги напушти надежите да го исели и тој повремено сè уште има судири со обезбедувањето на аеродромот. Бидејќи земјата на Шито е совршена за одгледување на зеленчук, чија продажба ја опфаќа неговата егзистенција, тој не планира да се пресели на место кое можеби нема да е толку соодветно.