Африканскиот судија 5 минути порано свиреше крај на натпреварот Тунис – Мали (0:1)

Откако тимот на Мали почна да ја слави победата, а тимот на Тунис жестоко да протестира, судијата Џени Сиказве од Замбија реши да го продолжи натпреварот. Потоа даде уште еден црвен картон на фудбалер на Мали, VAR системот покажа дека не било за црвен картон, но судијата ја одби одлуката. И како јаготка на шлагот, судијата повторно пред време го заврши мечот, пред да истече 90-тата минута.