Ајдее, специјална промоција 3 домашни миленици одеднаш! Погледнете што им прават кинеските сопственици на домашните миленици, а нормално хирурзите направија бизнис од тоа
Кој ако не Кина?
Кинеските сопственици на домашни миленици се обраќаат кон пластичните хирурзи за да ги преобликуваат ушите на своите животни како Мики Маус.
Според South China Morning Post, популарноста на овие зафати рапидно расте, особено во провинцијата Чонгкинг, каде што некои клиники спроведуваат специјални промоции кои нудат преобликување на ушите на неколку домашни миленици истовремено.
Сепак, цената на таквите зафати е околу 40 евра по операција, која се состои од две фази. Првиот дел вклучува давање анестезија и отстранување на дел од увото за половина час. Лекарите потоа ги обликуваат ушите на животното во посакуваната форма, за што се потребни 20 до 60 дена за конечна фиксација и дополнителни посети на клиниката.
Сепак, професионалните ветеринари и активисти за правата на животните се противат на оваа практика, истакнувајќи дека таквите операции може да предизвикаат физичка болка и психолошки стрес кај животните. Промената на природниот облик на ушите исто така може да доведе до повреда бидејќи животните може да ги изгребат или чепкаат по нив.
Иако законот не забранува такви операции, големите клиники во големите градови одбиваат да даваат такви услуги. Некои сопственици го гледаат ова како начин да ја изразат својата грижа и креативност, други тврдат дека тоа е форма на суровост и кршење на правата на животните
Ние имаме решение за ситуацијава, за секој сопственик што смета дека тоа е во ред да треба и неговите уши да се средат.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно