Ајкула од 2,5 метри ги преплаши туристите на една португалска плажа

Неколку преплашени пливачи истрчаа на брегот откако во морето се појави голема сина ајкула, на само неколку метри од брегот на плажата Пониенте.

Видео снимката ги покажува преплашените туристи како ја гледаат ајкулата во плитката вода, чија перка е јасно видлива над водата.

Полицијата интервенираше на местото на настанот и им нареди на посетителите да се тргнат настрана.

Локалната полиција испрати хеликоптер и два полициски чамци за полицајците да можат да ја гледаат ајкулата од нив. Други се наредија на плажата за да ги спречат туристите да се доближат до ајкулата.

Морските експерти откако внимателно ја фатија ајкулата, која се чинеше дека е дезориентирана, ја испитале и откриле дека таа не покажува знаци на болест или повреда.

Користејќи специјална опрема, тие подоцна ја однеле ајкулата подалеку од брегот во подлабока вода и таа испливалала.

Плажата била повторно отворена кратко по инцидентот.

Сините ајкули можат да пораснат до 3,96 метри и да тежат 180 килограми.

Сините ајкули, кои ретко напаѓаат луѓе, се регистрирани како блиску до загрозени од Меѓународната унија за заштита на природата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!