„Ако го имаш ова во твојот фрижидер, тоа е „врвен фраерлук“, тврдат милениумците

Австралиските милениумци тврдат дека оние кои имале лименки безалкохолни пијалоци во нивниот фрижидер додека растеле, живееле „на висока нога“ – и многумина се согласуваат дека тоа сè уште е така.

34- годишната Лорен, од Мелбурн, рече дека класната поделба никогаш не била поврзана со облеката или автомобилите, туку дали вашиот фрижидер е полн со лименки кока-кола.

„Ако си пораснал во сиромаштија, ќе ти покажам нешто затоа што ти повеќе ќе го цениш“, рече таа во видеото.

 

Австралијката го покажа сопствениот фрижидер полн со лименки диетална кока-кола и објасни зошто тоа е врвен луксуз за децата кои растат.

„Да имате лименки Кока-Кола во вашиот фрижидер… богати луѓе, луѓе од средна класа, вие нема да разберете, … ама ние што сме пораснале во сиромаштија, не е тоа нормално, не, не е нормално“, рече таа.

Лорен објасни дека додека растела уживала во кока-кола или лимонада само повремено, пиејќи вода и млеко од единствениот семеен фрижидер.

Секогаш кога ги посетувала своите побогати пријатели во нивните домови, била шокирана кога и викале слободно да си земе нешто од нивните фрижидерИ.

„Беше лудо, се чувствував како да земам конзерва со злато. Добро е да цениш колку далеку си стигнал и само да уживаш во победата, кога ќе пораснеш сиромашен имаш поинаков поглед на работите“, рече таа.

 

Лорен никогаш не била љубоморна на нејзините побогати пријатели, туку едноставно била „воодушевена“ од нивните добро снабдени фрижидери.

„Се сеќавам како дете мислев дека ова е нешто што сакав да го имам кога ќе сум возрасна и дека тоа е нешто што можеш да се стремиш да го имаш што е исто така остварливо“, рече таа.

Австралијката беше поттикната да го сними видеото откако свежо го наполни фрижидерот со диетална кока-кола и размислуваше за тоа колку е благодарна.

И многу Австралијци се согласиле дека безалкохолниот пијалок се смета за „луксуз“ или посебно уживање на прославите.

„Добивавме само лименки безалкохолни пијалоци за време на Божиќ“, рече еден.

„Се поврзувам со ова, се сеќавам дека одев кај пријатели и имаа фрижидер во гаражата полн со кока-кола… Во тој момент знаев дека сум сиромашен“, напиша трет.

Дали вие се сложувате со оваа теорија?

  • Mila напиша:

    Колку е тажно толку да се биде глупа…мерило за добар статус да ти биде диетална кола која е толку полна со шеќер и хемикалии…мизерија…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *