„Ако имаш големи гради не може да носиш таков фустан!“ Другарка на невестата е обвинета дека го украла центарот на вниманието со нејзиното деколте

Сликата на Reddit, со наслов „Кога сакаш да го украдеш центарот на вниманието“, прикажува како другарката на невестата носи длабок фустан покажувајќи го нејзиното обилно деколте.

Некои коментатори беа ужаснати, обвинувајќи ја дека го привлекува целото внимание, но други тврдеа дека оние што ја критикуваат жената биле мизогини.

Невестата носи целосен бел фустан со прерамки со цвеќиња во косата, а младоженецот е облечен во црн костум и со сина сатенска вратоврска. Но, личноста која доби најмногу внимание беше жената лево од невестата. Таа е облечена во сафирно сино чипкано фустанче со деколте.

 

 

Еден корисник коментирал: „Таа намерно се става пред невестата и ги покажува нејзините гради на сите“.

А вториот напиша: „Колку повеќе гледате, толку полошо станува“.

Третиот напишал: „Искрено се чувствувам лошо за невестата“.

Сепак, некои корисници брзо ја одбранија другарката и рекоа дека таа не може ништо да направи за нејзината природна форма на телото.

Еден корисник напиша: „Не може да се воздржи од тоа што има поголеми гради. Истиот фустан на жена со помали гради не би се сметал за нејзино „обидување да привлече внимание“. Луѓето се толку хиперкритични кон жените со облини, што е тажно“.

Друга ги повтори истите чувства и ја бранеше жената, велејќи: „Да, таа навистина не изгледа како да се обидува да го украде центарот на вниманието. Повеќе изгледа како да испила неколку пијачки (нормално, тоа е свадба) и не обрнувала внимание на тоа како нејзината поза ќе изгледа пред камерата“.

Трета корисничка на Редит коментирал: „Имам помали гради и искрено сум некако љубоморна на тоа колку убаво изгледа“.

Па што мислите вие?