Ако ја видите оваа боја на некое дрво во шума, вашиот живот би можел да е во опасност – подобро бегајте назад од кадешто сте дошле!
Заборавете на црвено знаме – ако видите виолетовo, е тогаш треба да почнете да трчате.
Во речиси дваесетина држави, пурпурната ознака на дрвата или друг стационарен предмет во дивината означува приватна сопственост, особено ако движите во Соединетите Држави, сопствениците на земјиштето можат да бидат и тешко вооружени.
Шумските ознаки се сметаат за прифатлива замена за вистинските знаци во многу држави – некои држави користат портокалова, црвена или сина боја, но многу, се одлучуваат за поуниверзална виолетова боја. Луѓето веруваат дека тоа е исплатлив начин да се означи сопственоста на земјиштето без да се принудуваат жителите да купуваат скапи знаци, кои можат да бидат вандализирани, а исто така се еколошки и не создаваат проблеми во шумите.
Сепак, критичарите се загрижени дека не секој знае што значат ознаките, додека поставените знаци можат лесно да се читаат и разберат.
„Ако се работи само за виолетова боја без знаци, луѓето можеби ќе имаат помала веројатност да разберат што е тоа, освен ако самата држава и организациите низ државата не направиле значајна работа да ги пренесат тие информации до сите посетители“, изјави Енди Моси, координатор за управување и застапување во „Catskill“ центарот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно