Ако мислевте дека инсектите во Австралија се страшни, погледнете го овој „кошмар“ од Јапонија

Човекот наишол на „ѕверот“ во сопствениот стан додека живеел во Јапонија. Искено не ни е јасно зошто во истата секунда не ги спакувал куферите.

Со написот „ТИЕ СЕ БРЗИ!“ корисникот на Редит ја сподели фоторафијата која оттогаш предизвикува кошмари на луѓето низ целиот свет. Еден Редит корисник во коментар објасни дека стоногалката се движи со 0,4 метри во секунда, факт кој исто така немаше потреба да го знаме.

Иако стоногалките во Европа се обично прилично мали, ова не важи и за другите места на Земјата.

Стоногалката Scutigera coleoptrata, позната и како Геџигеџи во Јапонија, може да изгледа страшно, но за среќа е безопасна и неагресивна. Со сруги зборови, ако ја оставите намира, таа ќе ве игнорира, иако вие дефинитивно нема да можете да ја игнорирате.