Ако мислевте дека работите не може да станат почудни, се лажете. Професор од Харвард вели дека нишиот универзум е создаден во лабараторија

Најголемата мистерија во врска со историјата на нашиот универзум е она што се случило пред „големата експлозија“. Од каде потекнува нашиот универзум? Пред скоро еден век, Алберт Ајнштајн барал алтернативи за теоријата на „големата експлозија“, бидејќи почетокот на времето не било филозофски задоволувачки за неговиот ум.

Сега постојат различни претпоставки во научната литература за нашето космичко потекло, вклучувајќи ги и идеите дека нашиот универзум настанал од вакумска флуктуација, или дека е цикличен со повторени периоди на контракција и експанзија, или дека е избрана според антропскиот принцип на „теоријата на жици“ на мултиверзумот, каде што, како што вели космологот на МИТ, Алан Гут, „се` што може да се случи ќе се случи … бесконечно многу пати“, или дека се појавило од колапсот на материјата во внатрешноста на црна дупка.

Помалку истражена можност е дека нашиот универзум е создаден во лабораторија на технолошки напредна цивилизација. Бидејќи нашиот универзум има рамна геометрија со нулта нето енергија, напредната цивилизација би можела да развие технологија која создала „бебе -универзум“ преку квантното тунелирање.

Оваа можна приказна за потеклото го обединува религиозниот поим за творец со секуларниот поим за квантна гравитација. Ние немаме теорија за предвидување која ги комбинира двата столба на модерната физика: квантната механика и гравитацијата. Но, понапредната цивилизација можеби го постигнала овој подвиг и ја совладала технологијата за создавање универзуми. Ако тоа се случи, тогаш не само што може да го објасни потеклото на нашиот универзум, туку исто така сугерира дека универзум, сличен како нашиот, е домаќин на технолошки напредна цивилизација која создава нов универзум кој пак самиот е како биолошки систем кој ја одржува долговечноста на својот генетски материјал преку повеќе генерации.

Ова исто така сугерира дека оние „попаметните деца од нашиот космички блок“ се способни да ја развијат технологијата потребна за создавање на нов универзуми и се двигатели на космичкиот дарвинов процес на селекција.

Со оваа перспектива, технолошкото ниво на цивилизациите не треба да се мери со тоа колку моќ тие користат, како што сугерира скалата од 1964 година на Николај Кардашев. Наместо тоа, треба да се измери со способноста на цивилизацијата да ги репродуцира астрофизичките услови што довеле до нејзино постоење.

Засега, ние сме технолошка цивилизација на ниско ниво, оценета со класа Ц во космичка скала, бидејќи не сме во состојба да ги  создадеме условите за живеење на нашата планета доколку би го снемало сонцето. Уште полошо, може да бидеме означени со класа Д, бидејќи безгрижно го уништуваме природното живеалиште на Земјата преку климатските промени, водени од нашите технологии.

Цивилизацијата од класа Б би можела да ги прилагоди условите за да биде независна од својата ѕвезда -домаќин. Цивилизацијата рангирана од класа А може да ги рекреира космичките услови што го предизвикале нејзиното постоење, имено да произведе нов универзум во лабораторија.

Секако е само теорија на Ави Лоеб кој е теоретски физичар и поранешен претседател на одделот за астрономија на Харвард, кој верува дека „напредната технолошка цивилизација“ го создала целиот универзум во лабораторија. Дали ќе верувате во оваа претпоставка или не, останува на вас.