Ако мислевте дека вашиот шеф е лош, имате среќа што не работите во Амазон

Нема ништо чудно во тоа да имате одреден став кон вашата работа. Некои луѓе ја сакаат својата работа, многу се фокусирани на својата кариера и таа им е една од главните цели во животот. И, се разбира, има луѓе кои не се поврзуваат многу со работата. Како и да е, секој заслужува работно место што може да обезбеди соодветни услови за работа, разумна плата и пријатна атмосфера.

Сепак, дури и во модерното време, сè уште има некои работни места кои се обидуваат да ги наметнат овие строги правила што ги прават нивните вработени да се чувствуваат како да се казнети.

Корисникот на TikTok @ amazonassociatef1 сподели видео од условите за работа во компанијата Амазон. На видеото, се гледа како едно лице пакува нарачки додека друга личност во позадина почнува да вика дека е „9:59“, а не 10 часот, па работниците немаат право да го напуштат работното место, освен ако не сакаат да добијат „TOT“, што значи „Време за исклучување од задачата“ и посочува дека секоја минута одземена од работата нема да биде компензирана, туку ќе се третира како пауза. Значи, оние што ќе престанат да работат во 9:59 часот нема да добијат плата за таа една минута.

Ако мислевте дека вашиот шеф е напорен, бидете блгодарни што не работите во Амазон.